Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалниците од Југоисточниот плански регион, денеска во Струмица присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“, кој е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021–2027“.

Општина Радовиш преку овој проект ќе добие: фотоволтаичен систем од 40 kW на основното училиште „Никола Карев“, зелена урбана градина, еден полнач за електрични возила, кој ќе биде интегриран во фотоволтаичниот систем.

Градоначалникот Љупче Почивалец на настанот изрази благодарност до министерот за локална самоуправа и до Југоисточниот плански регион, кои заедно со сите општини од регионот, вклучително и Општина Радовиш, активно учествуваат во реализацијата на овој значаен прекуграничен проект.

Со ваквите инвестиции, Радовиш прави конкретен чекор кон енергетска ефикасност, заштита на животната средина и одржлив локален развој – информираше Почивалец.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!