Градоначалникот Љупче Почивалец денес изврши увид во детските паркови во дел од населените места во општината, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на постојните паркови, а во други населени места ќе се изградат нови детски паркови. „Овие простори се од големо значење за нашите најмлади сограѓани – места за игра, дружење и безгрижно детство. Нашата цел е секое дете да има безбеден, современ и уреден простор за рекреација во своето населено место. Во следните денови ќе ги посетиме и останатите локации каде што е потребна реконструкција, како и поставување нови детски играчки и урбана опрема. Ќе продолжиме посветено да инвестираме во подобри услови за живот и поквалитетно детство за сите деца во нашата општина“, истакна Почивалец. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Тендерска документација за склучување на договор за набавка на услуга-превоз на вработени од Општина Конче до Радовиш