Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели и координатори на општинските комитети ширум државата.

Од партијата информираат дека дел од назначените претседатели се докажани и искусни кадри кои со својата работа дале значаен придонес во развојот на локалните заедници од кои потекнуваат, додека дел се нови лица кои треба да внесат свежа енергија, нови идеи и дополнителни успеси во работата на општинските комитети.

Во рамки на овие кадровски решенија, за нов координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш е назначен Бојан Митевски.

Во Општина Конче, пак, на функцијата координатор и понатаму останува Ацо Митев, продолжувајќи со досегашниот ангажман во партиската организација.


 

 

ИЕ4

1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски

2. Демир Капија – Андон Дрнев

3. Неготино – Павлинче Честојнова

4. Кавадарци – Тони Нешковски

5. Гевгелија – Димитар Вегов

6. Валандово – Јулија Тушевска

7. Богданци – Марјан Пеев

8. Дојран – Илија Тентов

9. Струмица – Методија Пасков

10. Босилово – Мито Андонов

11. Ново Село – Петар Марков

12. Василево – Славе Андонов

13. Конче – Ацо Митев

14. Радовиш – Бојан Митевски

15. Могила – Драганчо Саботковски

16. Кривогаштани – Александар Богданоски


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!