Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

И утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!