На вчерашниот 10 август во 1913 година во Букурешт бил потпишан мировниот договор со кој завршила Втората балканска војна и била потврдена новата поделба на териториите освоени во Балканските војни.

⚔️ Првата балканска војна започнала во 1912 година, кога Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора се обединиле против Отоманското Царство. Балканските сојузници успеале речиси целосно да ги потиснат Османлиите од европските територии.

Но, по поделбата на освоените територии дошло до несогласувања меѓу поранешните сојузници. Во јуни 1913 година Бугарија ги нападнала српските и грчките сили, со што започнала Втората балканска војна. Против Бугарија потоа се вклучиле и Романија и Отоманското Царство.

📍 По поразот на Бугарија, Букурешкиот договор ја потврдил поделбата на Македонија:

🇷🇸 Србија го добила најголемиот дел од Вардарска Македонија.
🇬🇷 Грција го добила најголемиот дел од Егејска Македонија, вклучувајќи го Солун.
🇧🇬 Бугарија го задржала Пиринскиот дел на Македонија.

Со договорот, македонската територија била поделена меѓу соседните држави, а македонското прашање добило нова и уште покомплексна политичка димензија.

📌 Балканските војни од 1912–1913 година биле пресвртница за целиот регион, а последиците од одлуките донесени во тој период се чувствувале и во децениите што следувале.

🇲🇰 10 август 1913 – датум кој останува запишан како еден од најзначајните негативни датуми во современата историја на Македонија.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!