По вчерашната реакција на граѓани и фотографиите доставени до нашата редакција за фрлањето на отпад и формирање нова дива депонија покрај Радовишка Река, токму на местото каде што се наоѓа чешмата од која секојдневно вода за пиење полнат голем број наши сограѓани, денеска надлежните служби реагираа и го исчистија просторот. За брзата реакција – благодарност. Но, до кога ќе се повторува истото? Дали конечно ќе почне да работи нашата совест? Дали е толку тешко отпадот да го оставиме на место предвидено за тоа, наместо покрај река, покрај чешма и во природа? Чистењето е решение за последиците, но вистинското решение е да не создаваме вакви депонии. Затоа прашуваме: Дали ние останатите не заслужуваме чиста, здрава и уредна средина? Природата не е ничија лична депонија. Чистата средина е заедничка одговорност. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 🎸 МАКЕДОНСКИ РОК ВО РАДОВИШ! 🎶 На 28 август, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок! 🤘