На 30 август 2026 година (недела), во село Дедино, Општина Конче, по петти пат ќе се одржи традиционалната манифестација „Од зрно до погача“. Манифестацијата се реализира во организација и со поддршка на Општина Конче, ЗРРР „Блесок“ од Радовиш и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со традиција, фолклор, старите народни обичаи и богата трпеза, подготвена од вредните домаќинки. 🌾 „Од зрно до погача“ е манифестација која ја слави традицијата, домашното производство и културното наследство на нашиот крај. 🎶 Повелете во Дедино и бидете дел од оваа прекрасна манифестација! ❤️ Заедно да ја негуваме традицијата и да го зачуваме богатото културно наследство за идните генерации. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРОГРАМА ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПАТРОНОТ И ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ – СВ.СПАСО РАДОВИШКИ. СВЕТИ АНАСТАСИЈ РАДОВИШКИ – СВЕТИ СПАСО РАДОВИШКИ, НОВОМAЧЕНИК И ЗАШТИТНИК НА РАДОВИШ!