За околу 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци – денеска започнува новата учебна 2026/2027 година. Наставата ќе трае до 10 јуни 2027 година, додека за матурантите ќе заврши на 17 мај. Зимскиот распуст ќе трае од 31 декември до 21 јануари. Од Министерството за образование и наука информираат дека се обезбедени 622 илјади учебници, кои се навремено распределени во училиштата. Во новата учебна година продолжува и воведувањето на едносменска настава, која ќе се реализира во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти. Паралелно се реализираат инвестиции во изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и други образовни капацитети. Продолжува и поддршката за учениците со посебни образовни потреби, за кои годинава се ангажирани рекордни 1.358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. Во новата учебна година ќе продолжи и поддршката за талентираните ученици, како и можноста учениците кои подолго време се на болничко или домашно лекување да ја следат наставата онлајн. 🎒 На сите ученици им посакуваме успешна, среќна и безбедна учебна година, исполнета со знаење, нови пријателства и успеси! © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation „BALKAN EMPLOYMENT SERVICE DOOEL“ – ПРОФЕСИОНАЛНА ПОДГОТОВКА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РАБОТА, СТУДИРАЊЕ И ПРЕСТОЈ ВО ГЕРМАНИЈА И ЕВРОПА! 🎒 СВЕЧЕН ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН ЗА РАДОВИШКИТЕ ПРВАЧИЊА