Рудникот Бучим распиша огласи  за вработување

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Подготвувач на реагенси

  

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Подготовка на варно млеко: пуштање на постројката во работа и контролирање на густината на варното млеко, која постапка е гаснење на вар во барабан од затворен тип;
  • Растворање на реагенси: припрема на реагенси според однапред пропишана постапка заедно со реагентичар – флотер;
  • Чистење на работниот простор: одржување на хигиена на целиот работен простор која опфаќа перење на опремата и чистење на класификаторот од материјал (вар);
  • Пуштање, сопирање и чистење на дозирни пумпи: мануелна и автоматска регулација на дозирните пумпи за реагенси со цел континуирано и непречено одвивање на додавањето на реагенси;
  • Чистење на камен од нереактивна вар: при истек на нереактивна вар го собира каменот кој е паднат и го складира на место определено за отпад;
  • Контрола на кондиционери за варно млеко: при подготовка на варно млеко и при потрошувачка го следи нивото на кондиционерите и истите ги одржува во чиста состојба
  • Други работни обврски: по потреба врши и други сродни работни задачи за кои има соодветно образование и обука.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (предност имаат кандидати со образование од хемиска, технолошка, рударско – геолошко или металуршка струка);
  • Претходно работно искуство во производствен погон, хемиска индустрија, флотација или работа со процесна опрема ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Основно познавање на работа со пумпи, мешалки, кондиционери и друга процесна опрема или подготвеност за стекнување на потребната обука;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Подготвувач на реагенси “.

Краен рок за поднесување на апликации: 27.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Ракувач на хидроциклонска пумпа

  

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием и визуелна контрола на јаловина: го следи приемот на јаловината преку транспортниот систем и визуелно ја контролира конзистенцијата на материјалот;
  • Ракување со транспортни уреди: ракува со уредите што се користат во процесот на транспорт на јаловина, согласно работните упатства и пропишаните процедури;
  • Контрола на канали и цевководи: го следи нивото и протокот на материјалот во отворените канали и цевководите и навремено сигнализира при забележани отстапувања;
  • Контрола на пумпи и пумпни системи: ја следи работата на пумпите и пумпните системи и известува за неправилности или дефекти;
  • Управување со пумпи: ги пушта и сопира пумпите и врши други предвидени операции согласно процедурите за работа;
  • Пријавување и постапување при дефекти: ги пријавува забележаните дефекти и отстапувања кај сменскиот раководител на флотација и, во координација со него, учествува во нивното отстранување согласно овластувањата и процедурите;
  • Други работни обврски: по потреба врши и други сродни работни задачи за кои има соодветно образование и обука.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (предност имаат кандидати со образование од рударско – геолошко или металуршка струка, машинска, електротехничка или друга сродна струка);
  • Претходно работно искуство во производствен погон, флотација, транспорт на материјали или работа со пумпни системи ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на работата со пумпи, цевководи и транспортни системи, или подготвеност за стекнување на потребната обука.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-18:00 часот
  • 18:00-06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач со хидроциклонска пумпа работно место)”.

Краен рок за поднесување на апликации:27.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Ракувач на хранилки

 

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием и визуелна контрола на руда: ја следи рудата што пристигнува од силосите и визуелно го контролира квалитетот на материјалот;
  • Следење на нивото на материјал: го следи нивото на материјалот во постројката и навремено сигнализира за забележани отстапувања;
  • Контрола на дозирањето на руда: го следи автоматското дозирање на руда во транспортните системи и известува за неправилности во работата;
  • Управување со транспортни ленти: управува со транспортните ленти и ја контролира количината на транспортирана руда согласно потребите на производствениот процес;
  • Пријавување и отстранување дефекти: ги пријавува забележаните дефекти и, во соработка со сменскиот раководител и согласно овластувањата, учествува во нивното отстранување;
  • Чистење на работниот простор: ја собира и чисти растурената руда и го одржува работниот простор уреден;
  • Други работни обврски: по потреба врши и други сродни работни задачи за кои има соодветно образование и обука;

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (предност имаат кандидати со образование од рударско – геолошко или металуршка струка или друга сродна струка);
  • Претходно работно искуство во производствен погон, рударство, флотација или работа со транспортни ленти и индустриска опрема ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на работата со транспортни ленти, машини и опрема во производствен процес, или подготвеност за соодветна обука;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач на хранилки работно место)”.

Краен рок за поднесување на апликации: 27.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Реагентичар-флотер

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Планирање и контрола на подготовката на реагенси: ја планира, подготвува и контролира работата при подготовка на реагенси согласно стандардните процедури и работните упатства;
  • Растворање и дозирање на реагенси: го следи производниот процес и, заедно со подготвувачот на реагенси, врши растворање и дозирање на реагенси согласно пропишаната постапка;
  • Контрола на кондиционери и приемни садови: ја следи и контролира работата на кондиционерите со мешачи и приемните садови и се грижи за нивно правилно функционирање;
  • Ракување со пумпи: ги пушта во работа и ги запира пумпите за дозирање и пренос на реагенси и флуиди, согласно работните процедури;
  • Други работни обврски: по потреба врши и други сродни работни задачи за кои има соодветно образование и обука;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (предност имаат кандидати со образование од хемиска, технолошка, рударско – геолошко или металуршка струка);
  • Претходно работно искуство во производствен погон, хемиска индустрија, рударство или работа со процесна опрема ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Основно познавање на постапките за растворање и дозирање реагенси, како и за работа со кондиционери, мешачи, приемни садови и пумпи; или подготвеност за соодветна обука;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Реагентичар – флотер

Краен рок за поднесување на апликации: 27.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


 

Правник

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  1. Правна усогласеност и регулатива:
  • Го следи и проучува важечкото законодавство и подзаконските акти релевантни за работењето на Друштвото.
  • Го известува раководството за законски измени, новини и потенцијални правни ризици.
  • Го следи исполнувањето на законските обврски и рокови.
  • Обезбедува поседување и важност на сите потребни дозволи, одобренија и лиценци.
  • Дава правни мислења и насоки за усогласување на работењето со законските прописи.
  1. Изработка на правни акти и договори:
  • Подготвува одлуки на Управител и други органи на управување.
  • Изготвува правилници, интерни акти и акти за внатрешна организација.
  • Подготвува судски поднесоци (тужби, одговори на тужби, жалби и други правни средства).
  • Изработува и ревидира трговски договори и други договорни документи.
  • Подготвува записници, известувања и службена кореспонденција кон надворешни соработници и вработени.
  • Изготвува обрасци и стандарди за правна документација.
  1. Водење регистри и евиденции:
  • Води Книга на одлуки на содружници.
  • Води Книга на одлуки на управител.
  • Води Регистар на трговски договори.
  • Води Регистар на дозволи и одобренија.
  • Води Регистар на дисциплински постапки.
  • Води Регистар на судски постапки и правни спорови.
  1. Судски и управни постапки:
  • Го застапува Друштвото во судски и управни постапки, самостојно или во соработка со адвокат.
  • Координира и соработува со адвокати, вештаци, преведувачи и други надворешни лица.
  • Ги води дисциплинските постапки и постапките за заштита од мобинг.
  • Учества во постапки пред државни органи, инспекции и други институции.
  • Следи рокови и обезбедува навремено преземање процесни дејствија.
  1. Работни односи и меѓународен ангажман:
  • Организира постапка за добивање дозволи за престој и работа на странски работници и соработници.
  • Дава правна поддршка во постапки за вработување, престанок на работен однос и дисциплинска одговорност.
  1. Советодавни и организациони задачи:
  • Дава правни совети на раководството и организационите единици.
  • Учествува во подготовка на интерни процедури и политики.
  • Извршува и други сродни правни работи во рамките на делокругот на службата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Правен факултет;
  • Познавање на трудовото и деловното право;
  • Работно искуство од најмалку 3 години во корпоративен сектор;
  • Потребно познавање на MS Office;
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок:

– 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Правник”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Сменски раководител секундарно-терцијално дробење МП

  

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Организирање и контрола на производствениот процес: го организира, координира и контролира производствениот процес во погонот за секундарно и терцијално дробење, со цел обезбедување континуирана, ефикасна и безбедна работа;
  • Организирање на работата во смената: ја организира работата и ги распределува работните задачи на вработените во смената, го следи нивното извршување и се грижи за одржување на работната дисциплина;
  • Надзор над техничката опрема: управува, врши надзор и ја контролира работата на техничката опрема во погонот, вклучувајќи дробилки, транспортери, хранилки-дозери за руда и пумпи;
  • Евиденција и известување: води потребна евиденција за работата на погонот и навремено известува за текот на производствениот процес, забележаните отстапувања и дефекти;
  • Координација со други оддели: ја координира работата со одговорните во Површински Коп и Флотација заради усогласено одвивање на производствениот процес;
  • Пријавување и отстранување дефекти: ги пријавува дефектите на опремата и, во соработка со вработените во смената и согласно овластувањата, учествува во нивното отстранување;
  • Подготовка на документација и сменски извештаи: изготвува документација и сменски извештаи за преработената руда и води дневник на активностите во смената;
  • Управување со системи за контрола: управува со автоматските и полуавтоматските системи во погонот и ја следи нивната работа согласно технолошките упатства и процедури;
  • Други работни обврски: по потреба извршува и други сродни работни задачи во рамките на стручноста и овластувањата;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо стручно образование (задолжително Рударски факултет);
  • Познавање на технолошките процеси за преработка на руда;
  • Познавање на работа со MS Office;
  • Познавање на англиски јазик.

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа, со месечна плата соодветна на квалификациите и работното искуство;
  • Обезбеден оброк и организиран превоздо и од местото на работа;
  • Современа и безбедна работна средина, со примена на високи стандарди за безбедност и здравје при работа;
  • Можности за професионален развој, преку обуки, стручно усовршување и стекнување нови компетенции;
  • Почетен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Сменски раководител “.

Краен рок за поднесување на апликации: 27.10.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!