И оваа година меморијален алпинистички настан посветен на Зоран Мајсторски, човек кој остави значаен белег во македонскиот алпинизам и инспирираше многу генерации планинари и качувачи. Настанот ќе се одржи на добро познатата локација Пилав Тепе – Плоча, каде што повторно ќе се собереме за заедничко качување, дружење и споделување искуства, во духот на вредностите што Зоки ги негуваше – љубовта кон планината, алпинизмот и другарството. • КАРАКТЕР НА НАСТАНОТ Настанот е од слободен качувачки карактер и е отворен за сите љубители на алпинизмот, спортското качување и планината. • СМЕСТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ За учесниците ќе биде достапен Алпинистичкиот дом, кој располага со капацитет од 10 кревети, кујна, инвентар и тоалет. За ноќевање во домот е потребна претходна резервација, поради ограничениот број на места. Исто така, ќе има можност за кампување во близина на домот. • ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА Во случај на неповолни временски услови, организаторите го задржуваат правото да го променат датумот на настанот. За евентуални измени, учесниците ќе бидат навремено известени. ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ Гоце Јовановски – 072 225 133 Борче Ѓоргиев – 078 570 093 Е-пошта: [email protected] Ве покануваме да ни се придружите на уште една средба исполнета со качување, дружење и заедничко негување на алпинистичката традиција. Да се собереме на настанот, да споделиме убави моменти и да го зачуваме споменот на Зоки преку она што сите не поврзува – љубовта кон планините и карпите Со почит, АК „Плоча“ – Радовиш © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈУЛИЈА ТАРАБУНОВА Е НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ ПРИ ОК ВМРО-ДПМНЕ РАДОВИШ ИЗЛОЖБА „МОНЕТИ ОД XIV ДО XX ВЕК“ ОТВОРЕНА ВО СТРУМИЦА – ВРЕДНО СВЕДОШТВО ЗА ИСТОРИЈАТА И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО