Во атарот на радовишкото село Штурово, на месноста каде претходно беше опожарена боровата шума, се одржа акција за пошумување, со цел обновување на уништената шумска површина и зачувување на природната средина.

Во акцијата учествуваа вработени во „Триглав Осигурување“, кои со својата ангажираност и голем одзив дадоа значаен придонес во оваа еколошка иницијатива.

Преку засадувањето нови садници, учесниците испратија силна порака за важноста на заедничката грижа за природата и потребата од обновување на шумските површини погодени од пожари.

Голема благодарност до „Триглав Осигурување“ и сите вработени кои со своето учество, посветеност и општествена одговорност придонесоа за реализација на оваа значајна еколошка акција во Радовиш.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!