Стрелците од ЗЛТ „Готен“ од Радовиш, вчера учествуваа на Турнирот кој беше во организација на ЗЛТ „Фазан“ од Василево. Нашите стрелци во состав Иван Атанасовски, Ратко Рабаџиски и Ѓорги Ципушев успеаа да „испукат“ најдобро и го освоија Првото место во екипна конкуренција помеѓу големиот броја на екипи и натпреварувачи кои учествуваа на овој традиционален-меѓународен турнир во „Стрелање на подвижни мети-Трап“. Исто така од нашата екипа Ѓорги Ципушев го освои второто место во поединеча конкуренција со погодоци 13/15 во мајсторката. Честитки од редакцијата на RadovisNews за успехот и достојното претставување на Радовиш на овој Меѓународен турнир. [metaslider id=”8376″] Post navigation ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ФК ДЕТОНИТ, ПЛАЧКОВИЦА ПОРАЗЕНА ОД ФК КИТ-ГО РАДОВИШ БЕШЕ ДОМАЌИН НА „ЏИФОНИ ФЕСТИВАЛОТ“