ТППЕ Радовиш во соработка со Црвен крст Општинска организација Радовиш, организираа вежба за евакуација и спасување во ООУ„Орце Николов” с.Ињево и подрачните училишта во с.Злеово и с.Покрајчево.
По веќе утврдено сценарио, беше организирана тактичко-показна вежба за “Eвакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на пожар”.
Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Радовиш, симулираа спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во училиштето, увежбување на истите и пружање на прва помош во такви или слични ситуации.

Погледнете повеќе

Повеќе информации