Денес со богата програма во ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш беше одбележан Европскиот ден на мајчиниот јазик.

На трибината мајчиниот јазик со свои стручни трудови учествуваа: д-р Снежана Веновска – Антевска,  Употребата на нормата на македонскиот јазик во секојдневната комуникација и во образовниот процес; проф. д-р Веселинка Лаброска, Учењето на мајчиниот македонски јазик и влијанието на електронските уреди; проф. Раско Лозаноски, тема: Училиштето – ковачница на мајчиниот македонски литературен јазик. Музички настап имаше Мартина Газепова.

Настанот беше збогатен и со изложба – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје. изложбата ја отвори писателот Борче Панов.


 

 

error: Содржината е заштитена !!