Вчера во Ресторан Шампион беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2017“. На манифестацијата присуствуваа голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш. Комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања во текот на изминатата 2017-та година. [metaslider id=2694] Најпрво, беше доделено Признание на Здружението „ЛЕБАРИ ИСТОК“ од Радовиш, за долгогодишна поддршка на спортот во општина Радовиш. Веднаш потоа беа доделени статуетки за посебни спортски достигнувања на: МИРКО МАЈИЌ, РК „Радовиш“ – Најдобар странски играч АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ, БК „Бучим-Радовиш“ – Најдобар натпреварувач од Радовиш во странство ТРАЈАН АНГЕЛОВ, БК „Бучим-Радовиш“ – Најдобар спортист Ветеран ЖИВКО АНДОНОВ – Посебно достигнување во училишниот спорт во 2017 год. ВЕНКО СТОЈАНОВ, ППК „Радовиш“ – Најталентиран спортист во 2017 БЛАГИЦА ЛАЗАРОВА, ТК „АС“ – Најталентирана спортистка во 2017 МАРТИН САРАМАНДОВ, КК „Плачковица-Баскет“- Најнадежен кошаркар во 2017 НЕДА ПОЦКОВА, ЏК „СЕНСЕИ“ – Спортска надеж – помлади пионери ИЛИЈАНА РИСТОВ, ЏК „СЕНСЕИ“ – Спортска надеж – помлади пионери ИЛИЈА МАНЕВ – Рекреативец на 2017 година Плакета за долгогодишен придонес во развојот на спортот во општина Радовиш беше доделена на Г-дин ДИМИТАР ЈОВАНОВ. Плакети за Спортска екипа на годината беа доделени на: ФК „ДЕТОНИТ ЈУНИОРИ“ – Категорија Сениори ВК „БЕЛ КАМЕН БАЈКС“ – Категорија Младинци УСК „НИКОЛА КАРЕВ“ – Категорија Кадети За тренер на годината, плакета беше доделена на ЦАНЕ НИКОЛОВ од ФК „ДЕТОНИТ ЈУНИОРИ“ Плакети за Спортист на годината беа доделени на: МИТЕ АШКИЛОВ – МАИ ТАИ КЛУБ „КОМБАТ“ – категорија Сениори РАТКО КОСТОВ – ЏУДО КЛУБ „СЕНСЕИ“ – категорија Младинци ДАВИД СПАСОВ – ВК „БЕЛ КАМЕН БАЈКС“ – категорија Кадети СТЕФАН ДИМИТРОВ – БК „БУЧИМ – РАДОВИШ“ – категорија Пионери Погледнете ! Post navigation ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ВО ВТОРАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА „ВЕЛИГДЕНСКИ КРЕАЦИИ 2018“ – Традиционална манифестација по повод Велигден