Oгласи за вработување во Рудникот Боров Дол! Се бара подмачкувач – перач на делови и Електричар за одржување

Рудникот Боров Дол распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Електричар за одржување

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одржување на електрични системи: Редовна проверка и одржување на електрични инсталации, ел.мотори и опрема , со цел да се обезбеди нивна исправност и безбедност.
  • Поправка на електрични дефекти: Дијагностицирање и поправка на електрични проблеми на машините, инструментите и управувачките панели во погонот. Читање на електрични шеми заради отсранување на електро дефекти.
  • Работа со енергетски системи на среден напон: Врши контрола, чистење и манипулации со среднонапонска опрема во трафостаници за среден напон до 20KV.
  • Контрола и одржување на електрични системи за автоматско управување: Врши контрола на системите за автоматско управување, читање на аларми во SCADA системи и отстранување на настанати дефекти.
  • Превентивна инспекција: Извршување редовни превентивни проверки за рано откривање на потенцијални дефекти на електричните системи и опрема.
  • Инсталација на нова опрема: Монтирање и приклучување на нови електрични уреди и машини во погонот, согласно техничките спецификации.
  • Координација со други сектори: Соработка со машинско одржување и инженерите за решавање на сложени проблеми и изведување заеднички интервенции.
  • Извештаи и документација: Водење евиденција за извршените проверки, интервенции и употреба на електрични делови и материјали.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (Електро насока);
  • Потребно работно искуство од најмалку 1 година во струката;
  • Способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола В категорија се смета за предност;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 14:00 часот
  • 14:00 – 22:00 часот
  • 22:00 – 06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@borovdol.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Електричар за одржување во смени”.

Краен рок за поднесување на апликации: 18.12.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Подмачкувач – перач на делови

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Редовни и вонредни сервиси: Замена на филтри за масло во мотор, филтри за воздух, филтри во хидрауличен систем кај Дампери, Багери,Дупчалки и помошна механиација во машинска работилница и на терен.
  • Подмачкување на механички делови: Редовно подмачкување на делови подложни на абење според дадени упатства и прописи, надополнување на маст со пневматска пумпа во системите за централно подмачкување на секоја машина, подмачкување рачно на позиции кај машини каде нема централен систем за подмачкување и визуелна контрола на нивото на маст во системот за централно подмачкување;
  • Контрола, евиденција и известување:Превентивна контола на сите филтри после замената по редовниот или вонредниот сервис, водење на евиденција за завршените редовни и вонредни сервиси за сите машини и известување до претпоставниот за било какви нерегуларности кои можат да предизвикаат хаварии по опремата;
  • Одржување и хигиена: Редовно чистење на просторот одреден за извршување на активностите, и чистење и перење на алатот и другите работни уреди од прашина, маснотии и други нечистотии;
  • Извршување дополнителни задачи:Врши работни задачи соодветни на неговите компетенции и обуки по налогот на претпоставениот;

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (машинско – металска или механичка струка);
  • Најмалку една години работно искуство за бараната позиција;
  • Општи познавањa од видови на масла и масти;
  • Вештини за користење на рачен,електричен и пнеуматски алат;
  • Тимска работа: Способност за работа во тим и активна соработка за постигнување на заеднички цели;
  • Возачка дозвола Б категорија се смета за предност;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете ” Подмачкувач – перач на делови “.

Краен рок за поднесување на апликации: 18.12.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и без непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации