Деновиве интензивно се работи на реконструкцијата на локалниот пат – стариот пат Радовиш – Струмица, на делницата од селото Калуѓерица кон село Дукатино. Во рамки на проектот се поставува нов асфалтен слој на траса во должина од 2.270 метри и ширина од 6,7 метри, со што значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајот за сите учесници. Градежните работи ги изведува Јавното претпријатие за државни патишта, а средствата се обезбедени во Годишната програма за 2026 година за реконструкција и рехабилитација на државните патишта. Според предвидената динамика, работите треба да завршат до сабота, по што оваа делница ќе биде целосно подготвена за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се обезбедат поквалитетни услови за движење и поврзување на населените места во овој дел од општината. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Известување за посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подрачје Официјално отворено јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“