Деновиве интензивно се работи на реконструкцијата на локалниот пат – стариот пат Радовиш – Струмица, на делницата од селото Калуѓерица кон село Дукатино.

Во рамки на проектот се поставува нов асфалтен слој на траса во должина од 2.270 метри и ширина од 6,7 метри, со што значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајот за сите учесници.

Градежните работи ги изведува Јавното претпријатие за државни патишта, а средствата се обезбедени во Годишната програма за 2026 година за реконструкција и рехабилитација на државните патишта.

Според предвидената динамика, работите треба да завршат до сабота, по што оваа делница ќе биде целосно подготвена за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се обезбедат поквалитетни услови за движење и поврзување на населените места во овој дел од општината.

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!