Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која ќе се одржи на 10.02.2026 година (вторник) во просториите на ОО Црвен крст Радовиш со почеток од 09:00 до 15:00 часот. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.Ве очекуваме, Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.Црвен крст , општинска организација Радовиш Факти за крводарувањето:– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денеска е Преподобен Максим Исповедник 4 Февруари – Денот на раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев…