Во Центарот за култура „Ацо Караманов“, вчера општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“, преку реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност, ја започнаа реализацијата на долгорочниот проект „Развој – Ослободи го умот од корупција“. Проектот е насочен кон долгорочен развој на општините во сите сфери на живеење со посебен акцент на борбата против корупцијата, како и вклучување и анимирање на сите чинители и позитивни вредности во општината за градење на просперитетна, успешна и современа европска општина. Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот. На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation СОВЕТОТ ДЕНЕС СО ПРЕДЛОГ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МАНДАТ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ЗА 169 УЧИЛИШТА