Во општините Конче и Радовиш во рамките на проектот Активни жени подобри општини се одржа втората работилница наменета за членови на: Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Координатор за еднакви можности и вработени во општинската администрација. Целта на работилницата е јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти во главните политики во процесот на планирање и буџетирање која е дел од проектот Активни жени подобри општини. Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија. Главната цел на проектот е да се промовира поволно опкружување на заедницата прифатливо за жените и вклучување на родовите прашања во процесот на планирање на локалните власти преку локален дијалог со женски невладини организации, институции и жени на локално ниво. На работилницата во Конче координаторот на КЕМ Тинка Ангелова го презентираше нацрт Годишниот план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Конче за 2020, а во општина Радовиш беше во насока на Конципирање на нацрт Годишен план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Радовиш за 2020. [metaslider id=”13104″] [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11231″] [metaslider id=”12740″] [metaslider id=”5305″] [metaslider id=”12871″] Post navigation РАКОМЕТАР ОД РК РАДОВИШ ПОВИКАН ВО ПИОНЕРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 21 ДЕКЕМВРИ-ДЕНОТ НА ТУРСКАТА НАСТАВА ВО МАКЕДОНИЈА