Со доделување благодарници и сертификати на учесниците и помагателите, вечерва свечено беше затворена 11-тата по ред Ликовна колонија, која изминативе денови се одржуваше во Музејот на уметноста во Радовиш.

Уметници од Македонија, Србија и Турција имаа можност преку својата креативност да создадат дела кои ќе останат како трајна вредност и сведоштво за оваа успешна меѓународна културна манифестација.

Претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Радовиш – ДЛУР, Душан Коцев, упати искрена благодарност до сите учесници, поддржувачи и помагатели кои придонесоа за успешната реализација на настанот.

Градоначалникот Љупче Почивалец им се заблагодари на уметниците за нивниот придонес и истакна дека токму ваквите настани го збогатуваат културниот живот на градот и оставаат вредно уметничко наследство за идните генерации.

Во знак на благодарност и сеќавање, на градоначалникот Почивалец му беше подарена слика со негов портрет, изработена од гостинката од Турција, што претставуваше еден од највпечатливите моменти на завршната свеченост.

Ликовната колонија и годинава потврди дека уметноста е мост што ги поврзува луѓето, културите и идеите, оставајќи дела кои ќе сведочат за нејзиното значење и во иднина

 



© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!