Традиционално на 2 Август и оваа година започнува ловната сезона за ситен-прелетен дивеч. Потсетуваме на одредбите до кои треба да се придржуваат ловците во текот на ловната сезона и им ги предочивме последиците од непочитувањето на Законот за лов. ЗЛТ Готен од Радовиш кој има преку 350 членови-ловци оваа сезона од петте ловишта на кои има концесија за ситен-прелетен дивеч нашите ловци ќе можат да излезат на терените ва Ињево, Парналија и Подареш, додека останатите два се за крупен дивеч – истакна Илија Сусинов – Претседател на ЗЛТ „Готен“ . Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дозвола. Во ловиштата може да се ловат грлици, потполошки, препелици и други видови на птици со уредно извадена дозвола. Во меѓувреме според Законот за ловство на сила е забраната за лов на крупен дивеч. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ПОВТОРНО ДЕПОНИИ! ПОВТОРНО СЕ ЧИСТИ НА ПАТОТ КОН ПЛАЧКОВИЦА.. (фото) НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ВЕЧЕРВА