Голгетерот во Ракометната лига Ивица Илиев официјално останува член на РК Радовиш и во следната натпреварувачка сезона. Договорот беше потпишан на уште една сезона со што Илиев повторно ќе ја има клучната карика во нашиот тим. Во улога на организатор и среден бек, Ивица Илиев е моторот на РК Радовиш, а ефикансноста е резултат на тимската игра – истакна во едно интервју Илиев. Славјан Паунов долгогодишниот наш прв столб на голот исто така го потпиша договорот со РК Радовиш и останува во следната сезона. Препознатлиот „Цаци“ е клучен дел од нашата одбрана со неговото искуство, РК Радовиш во неколку натпревари го менеше резултатот со неговите клучни одбрани. РК Радовиш во оваа сезона имаше можност да успее и влезе во Плеј-оф завршницата, но во некои клучни натпревари повредите на играчите го направија своето, сепак и финансискиот веќе решен проблем влијаеше во втората полусезона, но тоа е веќе поминато финансискиот проблем е решен исплатени се сите побарувања спрема играчите и другите обврски и останува во наредните денови да се потпишат и договорите со другите играчи кои ќе бидат дел од екипата на РК Радовиш – истакнуваат од управата на РК Радовиш. Post navigation РК РАДОВИШ ГО НАДМИНА ФИНАНСИСКИОТ ПРОБЛЕМ, СЛЕДУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ ФК РАКЛИШ ШАМПИОНИ ВО ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА