Информативниот медиум, порталот Радовиш Нјуз согласно уредувачките политики во наредниот период ќе објави интервјуа на кандидатите кои се номинирани за Локалните избори 2025. Целта на овие интервјуа е граѓаните подобро да се запознаат со дел од нивните програми, визија и приоритети кои ќе ги понудат на овие локални избори! Благој Илиев кандидат за градоначалник на Општина Конче од СДСМ, во интервју за информативниот портал Радовиш Нјуз за идниот настап на Локалните избори, за очекуваните резултати на СДСМ за општина Конче, и за проектите и идеите кои ќе бидат опфатени во програмата за конечани. Радовиш Нјуз: Кои се плановите на Благој Илиев и СДСМ за иден настап на локалните избори? Благој Илиев: Се кандидирам затоа што верувам дека Општина Конче заслужува континуитет на развојот што го започнавме. Мојата најголема мотивација сте вие – граѓаните, и мојата обврска е да продолжиме таму каде што застанавме, со уште посилна визија и нови проекти. Сакам да го довршам она што го ветив: подобра инфраструктура, поддршка за семејствата и економски раст. Со нови идеи, како што е изградба на спортски терени за младите и целосна модернизација на селата, ќе го зацврстам напредокот, осигурувајќи се дека секој граѓанин чувствува промена. Не е доволно само да градиме улици и патишта. Тоа е основа, но не е доволно. Во следниот мандат мора да вложиме во секој еден човек: во младите, во образованието, во здравството, во социјалната сигурност. Инфраструктурата е темел, но општината ја прават луѓето и нивните животи. Ќе воведам квалитетни комунални услуги, социјални услуги, медицински прегледи во селата, модернизација на училиштата со дигитални уреди и програми за обука на невработените, жените ,овозможувајќи целосна грижа за сите генерации. За мојот настап на локалните избори како кандидат од СДСМ ќе побарам буквално подршка од секој граѓанин без разлика на партиска и верска припадност.Важен ми е секој човек , доброто идинината на секој наш граѓанин Радовиш Нјуз: Каква е визијата на Благој Илиев и СДСМ за Општина Конче? Благој Илиев: Мојата визија за Конче е визија за Општина во која луѓето се на прво место. Општина која што гради, развива и се грижи – заедно со своите граѓани. Не ветувам чуда, ветувам работа, чесност и резултати. Мојата разлика од другите е тоа што јас веќе покажав дека може да се работи за сите – без поделби. Заедно можеме да направиме Конче да стане дом за сите генерации. Без визија нема насока, а без насока нема развој. Визијата за Општина Конче е визија за едно подобро, похумано и посовремено место за живеење. Но тоа е и дел од поголема визија – визија за општество во кое секој граѓанин има еднакви можности и достоинствен живот. Ова вклучува паметно планирање на просторот, квалитетни комунални услуги, брзи општински услуги,развој на туризам околу езерото Мантово и создавање услови за квалитетно здравство, образование и култура, со цел Општина Конче да стане пример за рурална успешност. Немаме иднина без луѓе. Ќе работиме на мерки што ќе ги задржат младите: субвенции за млади брачни парови, поддршка за секое новородено дете, градинка за секое детенце и поддршка за малите бизниси. Конче мора да биде место каде што луѓето гледаат перспектива за своите семејства. Ќе додадеме месечни додатоци за ученици и фонд за рурален туризам. Радовиш Нјуз: Вие имате средби и контакти со граѓаните, дали може да ни насочите дел од проектите и идеите кои ќе бидат опфатени во Вашата програма. Благој Илиев: Ќе ги подобриме полските патишта – со тврд камен-тампон во Конче, Дедино, Ракитец, Долни Липовиќ, Лубница, Габревци и Горни Липовиќ. Тоа значи километри цврста подлога по која машините ќе се движат лесно и без оштетувања. На главните патишта во Конче и Дедино ќе асфалтираме по 2 километри, а во другите села по 1,5 километри – мазен, безбеден асфалт директно до нивите. Во Лакавица ќе изградиме мала индустриска зона – пазар со хала за сортирање зеленчук, ладилници за складирање овошје, како и машини за пакување и преработка. Со асфалтен пат, струја и вода, зоната ќе вработи 20-30 жители од Општина Конче – вашите соседи, вашите деца. Предвидена е изградба на ново фудбалско игралиште со зелена трева и осветлување, бесплатни тренинзи за деца од 8 до 18 години, а ќе бидат обезбедени и топки, дресови и тренери, ќе се формираат екипи, и тоа помлади, јуниори и сениори што ќе играат во Струмичкиот Регион, а летниот камп „Фудбалско лето“ ќе донесе нови пријателства и радости. Ќе се отворат пензионерски простории за дружење во секое село, дневен центар за престој и рехабилитација во с. Ракитец, превозно возило за потребите на пензионерите, бесплатни сезонски вакцини за сите пензионери, како и домашна здравствена нега за секој пензионер, во секое село. Нашите деца заслужуваат квалитетно образование, и затоа образованието ќе биде нашиот врвен приоритет. Особено ќе се заложиме да ги мотивираме наставниците, понатаму модерна настава и ученици што ќе бидат стимулирани да постигнуваат одлични образовни резултати преку разни прошетки и посети на театри, музеи и спортско дружење, организирани од страна на општината. Фолклорните друштва повторно ќе ги соберат младите и старите околу песната и ората. Ќе обезбедиме нови носии, а ќе организираме и локални фестивали што ќе ја оживеат конечката традиција. Реновираниот Дом на културата ќе биде место каде што граѓаните ќе можат да се дружат, да гледаат филмови и театарски претстави. Наша цел ќе биде и да ги обновиме и да ги осветлиме кулите во Конче како симболи на нашата историја. Катарина Кантакузина – силна жена од минатото – ќе стане симбол на нашата иднина. Со фестивали, музика, театар и спомен-обележје во центарот на селото, нејзината приказна ќе нè инспирира. Граѓаните ќе добијат сигурен организиран превоз од Општина Конче до Радовиш во двете насоки, и тоа во три термини, наутро, напладне и попладне. Превоз за сите граѓани што секојдневно патуваат на работа надвор од Општина Конче како знак на поддршка за вложениот труд. Градиме нова, современа општинска депонија, која на еколошки и безбеден начин ќе го собира, ќе го транспортира и ќе го депонира отпадот од сите села во општината. Оваа услуга ќе биде бесплатна за сите граѓани! Со ова, ја штитиме природата што нè опкружува, ја чуваме животна средина и градиме поубаво и поуредено општество за сите граѓани на Општина Конче. Радовиш Нјуз: Врз основа на вашите анкети и предвидувања, кој е вашиот очекуван резултат за изборот на советници од советничката листа и кој резултат го очекувате како кандидат за Градоначалник. Благој Илиев: Очекувам нашата советничка листа сосотавена од докажани чесни и образовани луге да освои минимум 5 советника од листа на СДСМ. Цврсто верувам и очекувам за мојата нова изборна програма и довербата која ја стекнав од граѓаните од преходниот мандат за мојата посветеност ,работа и почит кон потребите на граѓаните на општина Конче да бидам повторно избран за нов градоначаланик на општина Конче. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денешен ден 23 Септември… Мицкоски: Имам дилема дали судиите и обвинителите ги заслужуваат платите