Прогласената 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради е сериозната ситуација со пожарите. Одлуката беше донесена на владина седница, а јавноста ја информираше портпаролката Марија Митева. Како што појасни Митева, кризна состојба е неопходна поради сложената состојба на теренот, високите температури, силните ветрови и зголемениот ризик по животната средина и безбедноста на граѓаните. „Ова овозможува интегриран пристап и координирано делување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, противпожарните служби, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и општините. Ќе бидат мобилизирани сите расположливи човечки, технички и логистички ресурси“, изјави Митева. Таа најави дека Владата ќе обезбеди итна и навремена поддршка за најпогодените подрачја со цел спречување на поголеми штети и последици. „Државата ќе биде таму каде што е најпотребна“, подвлече Митева, повикувајќи ги граѓаните на максимална внимателност и строго почитување на забраните за движење во шумски подрачја. *фото Архива Post navigation Денеска со разладување, ќе дува северен ветер со голема брзина Малолетник управувајки мотор излетал надвор од патот и се здобил со повреди