Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а во недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. УХМР © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РАСПИШАН КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ И СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ – РАДОВИШ, ЗА УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА