На денешниот состанок Комисијата за заразни болести одлучи да достави предлог до Владата за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела. Оценката е дека има извесно подобрување на состојбата, но се уште е голем притиското врз болниците. -Утринава одлучивме да доставиме повторно предлог до Владата, односно до владиниот Кризен штаб, овие мерки кои сега се на сила да опродолжат уште една недела. Практично ќе останат на сила истите мерки кои важат до утре, а тоа е забрана за движење на граѓаните после 20 часот до 5 часот изутрина, како и кафулињата, рестораните, кафеаните, сите угостителски објекти да останат затворени. Се предлага и забрана на на одржување на семинари, обуки, конференции кои би значеле собирање поголем број луѓе, како и работата на фитнес центрите, вежбалните и така натаму, порачуваат од Комисијата. Фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation 10 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА ФАЈЗЕР ТРЕБА ДА ПРИСТИГНАТ ДЕНЕСКА ПОСКАПУВААТ ЕУРОСУПЕР БС-95 И ДИЗЕЛОТ