Во тек е решавање на повеќе деценискиот проблем со атмосферските води кои за време на врнежи од дожд предизвикуваат големи штети и поплавување во домовите на граѓаните на улицата Илија Алексов. Се поставува одводна цевка Ø500 во должина од 30 метра која ќе ги зафати овие води и директно до коритото на реката ќе бидат одведени атмосферските води. Градоначалникот Ристов го најави и проектот кој треба да започне со реализација наскоро на долниот дел од оваа улица Илија Алексов со кој ќе се опфатат и на тој дел атмосферските води кои претставуваа проблем за граѓаните и движење на автомобилите за време на врнежи од дожд. Post navigation Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност Стипендии за талентирани ученици од Основното и Средното образование! Денеска беа доделени договорите за стипендирање.