Ракометарите на РК Радовиш, синоќа го одиграа натпреварот со екипата на РК Струга во Срц 25 мај во Радовиш. Нашите ракометари во текот на целиот натпревар ја имаа иницијативата и покрај лошиот старт каде што на госите им дозволија минимално водство од 1-2 гола, сепак тие во текот на првото полувреме ја косолидираа одбраната и имаа цело време предност со што првиот дел заврши со резултат 14-12 за РК Радовиш. Во вториот дел се продолжи со добра игра и релизација гол за гол, на крајот имајки и четири гола предност но на самиот крај РК Струга намали со два погодоци за конечните 29-27. РК Радовиш е петти на табелата со шест бода заедно со четвртопласираниот РК Пелистеркои имаат исти бодови. Следното коло нашиот тим го игра на гостински терен во Охрид. РК РАДОВИШ – РК СТРУГА 29-27 (14-12) [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ПОЛОВИЧЕН УСПЕХ НА НАШИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ ШЕСТ ПОГОДОЦИ ЗА ФК ДЕТОНИТ И ПРВА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО