Ракометарите на РК Радовиш во последниот натпревар за оваа сезона супериорно покажаа дека местото им е во оваа лига и следната сезона ќе бидат едни од кандидатите за Плеј оф завршницата. Тие на домашен терен во петокот го совладаа ГРК Борец од Велес со резултат 39.33, полувреме 21-11. Овој натпревар беше само формален за двете екипи бидејки го обезбедија опстанокот во Суперлигата за следната сезона. Во првиот дел тренерот Мијалов им даде шанса на најдобрите ракометари, а додека во вториот дел, играа младиците. Најдобри кај домашните беа Божидар Симиќ и Ивица Илиев со по десет голови, додека кај Борец, Филип Николов со седум погодоци, а по четири дадоа Антонио Јаневски и Кристијан Ристов. Post navigation (Фото) ТРАДИЦИОНАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „ОРО ВЕСЕЛО 2018“ ЏУДИСТИТЕ ОД „СЕНСЕИ“ СО УСПЕСИ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО