Последнито ден од оваа учебна година во ООУ„Коста Рацин“ Подареш се реализираше необично убав и интересен настан, „Спортски хепенинг“, под раководство на значајни личности – врвни спортисти, кои имаат потекло од Подареш, а се светски познати и признати. Димитар Ѓорѓиев повеќекратен Светски шампион во кикбокс, Европски шампион како и актуелен Државен шампион. Стојан Хаџи Ефтимов- двократен Државен шампион во планински велосипедизам, планински водич, се занимава со спортско качување по карпи и други спортски активности. Сунај Мифтар, Мартин Андоновски и Дамјан Павловски, исто така кикбоксери. Целиот настан се организира под иницијатива и организација на Благој Марковски и Надица Марковска. Во текот на денот, на општо задоволство на сите присутни, беа предвидени и реализирани многу интересни активности. Post navigation „XC-РАДОВИШ-МТБ“- ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА СРЕДБА СО ДОНЕ ДОНЕВ – ПИСАТЕЛ И АКТЕР И ЉУБИНКА ДОНЕВА – ПИСАТЕЛ