Секретарите на Општинските организации на Црвен Крст Радовиш и Струмица, Верица Беќарова и Маријана Тошева и социјалниот работник Менче Златинова, денеска одржаа заеднички состанок со претставници на Здружението „Мобилност“ и преставници на слепите лица од Радовиш, на кој присуствуваа и градоначалниците на Радовиш и Конче, Герасим Конзулов и Благој Илиев. На средбата се разговараше за развој на социјалните услуги. На средбата присутните беа запознати со можностите за користење на услугите лични асистентиција, нега, информација за Регионалниот обучен центар и обуката на лица за помош на стари лица во домот. Беа искажани многу конструктивни идеи и предлози, а општините Радовиш и Конче ја искажаа подготвеноста на нивните општини за целосно вклучување во овие проекти на Црвен крст. Информираат од општина Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ КОРИСТИ „ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ“ – информација од РСБСП СВЕЖО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ