Нашите пет млади борачи не само што учествуваа туку и го освоија третото место во екипна конкуренција со Македонската репрезентација. Маријо Ананиев се закити со златен медал, Ристе Ставрев сребро, а Илија Атанасов беше бронзен. Овие наши борачи беа предводени од Горан Атанасов и Мијалче Ананиев.

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на борачите, и дел од управата на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“.
Повод за приемот беа освоените репрезентативни медали на Балканското првенство во доста силната конкуренција.

Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси и изрази особено задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во нашата општина со надеж дека истите ќе продолжат а во блиска иднина да се радуваме и на европски медал.

 

error: Содржината е заштитена !!