Во склоп на Програмата и празнувањето на 6-ти Ноември-денот на ослободувањето на градот Радовиш, традиционално и денес се одржа Турнирот во мал фудбал помеѓу основните училишта од нашата општина. Признанијата и пехарите на најдобрите им ги доделија Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и претседателот на Комисијата за култура, образование и спорт Ристо Спасов. На овој турнир учествуваа општинските училишта: Крсте П. Мисирков, Никола Карев, Орце Николов, Коста Рацин и Кирил и Методиј. Најуспешна беше екипата на ООУ Крсте П. Мисирков која го освои првото место, втори беа учениците од ООУ Коста Рацин од Подареш, а третото место го освоија учениците од ООУ Кирил и Методиј од Ораовица. Резултати: Крсте П. Мисирков – Никола Карев 4:3 Коста Рацин – Орце Николов 2:1 Слободна беше екипата Кирил и Методиј Крсте П. Мисирков – Кирил и Методи 2:0 Финале: Крсте П. Мисирков – Коста Рацин 6-1 Прво место: Крсте П. Мисирков Второ место: Коста Рацин, Подареш Трето место: Кирил и Методиј, Ораовица Post navigation НОВА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ЗА ТППЕ РАДОВИШ ОДРЖАНА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“- ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РАДОВИШ