АКТИВНОСТИ ОКОЛУ ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РАДОВИШКА РЕКА

Согласно планот за одржување на речното корито на реките во урбан опфат, Општина Радовиш денес започна со активности за превентивно чистење на Радовишка река од вегетацијата, таложење на наносен материјал и шут во речното корито.

Со чистењето се овозможува поголем проток на вода во речното корито и заштита од поплавување во случај на екстермни временски услови.

Планираните активности ќе продолжат и во наредните денови.

Погледнете повеќе

Повеќе информации