Наутро вдолж Повардарието умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 9 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 16 степени.
Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност. Од недела облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови