ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА ПРИРЕДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „АЦО КАРАМАНОВ“ ОД РАДОВИШ

Вчера во спортската сала „25 Мај“ се одржа завршната приредба на детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш.

Приредбата која беше под мотото “МУЗИКАТА И ТАНЦОТ СЕ РИТАМОТ НА НАШИОТ ЖИВОТ” беше празник за очи и душа. И покрај лошите временски услови, сепак дечињата со нивните воспитувачки и негувателки приредија вистински настан за паметење.
Спортската сала беше исполнета, и сите имаа можност да уживаат во кореографијата и прекрасните костуми на сите дечиња кои учествуваа.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации