„ИНКЛУЗИВНО ЛОГОПЕДСКО, ПСИХОЛОШКО КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ“-ПРОЕКТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „НЕВЕНА“

Од денес па во наредните шест месеци, здружението на граѓани„ Невена за тебе,за мене, за нас“ Започнува со свој самостоен проект: „Инклузивно логопедско, психолошко креативни работилници“. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник и четврток во просториите на Здружението. Во проектот се вклучени деца со нормален развој и деца со пречки во развојот.

Работилниците ќе се одвиваат под менторство на логопдот Љубица Јованова,психологот Верка Танева- Ѓоргиевска и наставничката Јасмина Петрова.Тим составен од професионалци секој докажан во својата професија. Работелниците се со цел помош, поддршка и можност за искажување на потенцијалот кој го поседува секое дете.

Со реализирањето на овие работилници Здружението „Невена“ уште еднаш ја потврдува заложбата за свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице.

Што впрочем е и основната мисија на Здружението и секојдневно со своите активности ја потврдува истата.

 


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации