Деенес ќе биде сончево со мала до умерена облачност со умерен ветер, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец вечер ќе има зголемена облачност со можност за врнежи од дожд.
Радовиш го очекува сончево со мала до умерена облачност, умерен ветер од југозападен правец, и утринска температура до 14 степени, дневната температура 26 степени.
Викендот ќе има влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Температурата значително ќе се намали.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење