Министерството за внатрешни работи информира дека од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, односно од 2 февруари до 20 август 2026 година, се евидентирани вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци.

Најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената – вкупно 301.835 прекршоци. 🚗💨

🌍 Во однос на возилата со странски регистарски ознаки, од почетокот на функционирањето на системот се регистрирани 180.378 прекршоци.

Само во периодот од 19 до 20 август 2026 година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки.

⚠️ Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!