ОВР Радовиш и годинава ќе биде организиратор на меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители кои потекнуваат од нашата општина Готак, Соколов и Крстев.
Во нивна чест а воедно и одбележувајки го 7 Мај – денот на Македонската полиција, во соработка со Градоначалникот на општина Радовиш и Македонскиот Полициски Синдикат на 6-ти Мај 2023 година ќе се реализираат следните активности:
09.00 час. – Положување на цвеќе на споменикот на бранителите, лоциран пред влез на ОВР Радовиш
09.35 – 12.20 час. – Отварање на турнирот во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“
12.20 часот – Поздравен говор и доделување на плакети на семејства, пехари за освоени места на екипите, признанија и благодарници.
Ги покануваме заинтересираните граѓани да ги проследат настаните.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови