ЗАПОЧНУВА ТРЕТАТА ЛИГА – ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО НЕДЕЛА

После повеќенеделните одложувања на почетокот на натреварите од Третата лига, конечено во недела ќе бидат одиграни првите натпревари со што официјално ќе започне оваа лига каде што нашата општина има два претставника ФК Раклиш и ФК Детонит.


ФК Детонит треба да гостува во Градско балдовци кај екипата на ФК Спартмани, додека ФК Раклиш е домаќин и го дочекува тимот на ФК Хоризонт од Турново.

Овие наши две екипа викендот што измина го искористија за последни подготвителни натпревари одигрувајки повеќе контролни пријателски натпревари.

Според донесените мерки натпреварите ќе се одигруваат без публика.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации