ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТАРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА

МЗШВ упати потсетување до земјоделците што имаат потреба да извршат промена на податоците во Единствениот регистар на земјоделските стопанства (ЕРЗС) по кој било основ, и тоа да го направат заклучно со 30 јуни. Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците, без никаков ризик за нивното здравје да може да ги извршат промените, рокот што вообичаено е до 15 март, е продолжен до 30 јуни.

Остануваат уште две недели до истекот на рокот. Сите земјоделци што имаат потреба да направат измени треба да се обратат во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19.

„Исто така, апелираме до сите земјоделци што ќе доаѓаат во подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца. По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат преземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции, кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да стекне право на финансиска поддршка“, се вели во соопштението.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации