ЖФГ „Радовишанки Етно“ во саботата го прослави својот „Јубилеј – 10 години од формирањето на овој ансамбл“, со годишниот концерт кои исто така беше и во склоп на Меѓународните фолкорни средби „Варвара 2022“
Радовишани имаа можност во двочасовната програма да погледнат и уживаат во прекрасните настапи на домаќините и поканетите гости.

На овој годишен концерт по повод 10. години од формирањето на Женската фолклорна група „Радовишанки Етно“ настапија и гостите од фолклорните ансамбли и тоа: „Перуника“од Бугарија, „Фолклорна низа“ од Струмица, „Митко Алексов“ од Кочани, „Владо Тасевски“ од Скопје.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови





