Во петок ќе се одржи велосипедско дефиле „Европска недела на мобилност“

Како дел од одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, во петок, 19.09.2025 година, ќе се одржи велосипедско дефиле кое произлезе како Младинска иницијатива: „Вело енерџи-Радовиш во движење“ во рамки на проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ГКЦ Креа во партнерство со Здружението ЦЕЛОР а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар.

Рутата ќе биде: ул. „22 Октомври“ – бул. „Александар Македонски“ – кеј „8ми Септември“ – ул. „Илинденска“ – Плоштад „Св. Спасо Радовишки“.

Настанот ќе се организира со цел промоција на здрави и одржливи начини на транспорт и поголема свест кај граѓаните, особено младите. 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации