Во посета на Собранието на Република Македонија вчера беа ученици од ООУ “Орце Николов ” Ињево, подрачно училиште Злеово и ученици од ООУ “Кирил и Методиј” Ораовица од нашата општина Радовиш.
Учениците имаа можност да разгледаат поголем дел од просториите и да се запознаат поблиску со обврските што ги имаат пратениците и вработените во Законодавниот дом.
Големо задоволство беше да се слушнат многу љубопитни прашања и умни и различни размислувања од страна на учениците.
Честа беше наша да бидете наши гости денес, а дел сте и од матичното основно училиште во кое што го почнав моето образование и сум премногу благодарна на наставниот кадар за несебичното пренесено знаење. Ученици, ви посакувам успешна иднина и невозможното за вас да биде достижно – им порача Пратеничката во Собранието на Македонија од нашата општина Моника Трајанова.




Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




