Детонит Плачковица и Шкендија со реми од натпреварот во ВМФЛ

На Градскиот стадион во Радовиш вчера беше одигран натпреварот од 5-то коло во Втората фудбаска лига на Македонија.

Во многу интересен и динамичен дуел со многуте шанси кои ги имаа домашните и гостинските фудбалери за на крај да нема постигнати голови и со реми да заврши овој натпревар.

Во текот на првото полувреме мала доминација имаше гостинскиот тим кој преку неколкуте шанси не успеа да постигне гол, инаку Шкендија во досегашниот дел од првенството е непоразена екипа со три победи и еден нерешен резултат и има големи амбиции за влез во Првата фудбалска лига на Македонија.


 

ФК Детонит Плачковица-ФК Шкендија 0-0


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации