Како да се спроведат реформите со цел да се укине партизацијата која секоја власт на свој начин ја внесува во администрацијата. Министерот Горан Минчев на денешното потпишување меморандум со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, рече дека ваквите вработувања доведе до гломазна но слаба администрација. Затоа смета дека треба да има укинување на некои од надзорните и управните одброи, односно кратење на 40 проценти на администрацијата.
-Следи една општа функционалност односно спојување на одредени институции во други со кои што практично ќе влеземе во еден процес кој што ни е обврска од Европската унија а тоа е кратење на 40 проценти на буџетските корисници. Сведоци сме дека имаме голем број на институции кои што имаат по еден, по два вработени или пак да кажам дека тие во минатото се направени за да задоволат некои политички или партиски потреби, изјави Горан Минчев, министер за јавна администрација.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови