Советничката листа на Турската демократска партија за Радовиш, со млади докажани личности во своите средини

Советничката листа на ТДП за претстојните локални избори се состои од млади личности, пред се студенти и личности докажани и со поддршка од населените места кои потекнуваат. Носител на оваа листа е Селман Јусуф – информираат од ТДП Радовиш.

Како што беше претходно објавено од носителот Јусуф, целта за неговата кандидатура е да им се овозможи подобри услови за живот на граѓаните од Радовиш и околните села, на Турците и Македонците, да се изнајдат решенија за проблемите и да придонесат за развојот на нашиот град.

За иднината на Радовиш, со ваша поддршка, ветувам дека во Советот ќе го дадам најдоброто од себе. Заедно за посилен и поубав Радовиш и околните села – информираше Селман Јусуф

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации